14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДрита Ислами: Јас сум Албанка која трча за Македонија

Дрита Ислами: Јас сум Албанка која трча за Македонија

Велат една слика илјада зборови, токму тоа и се случи на македонската атлетичарка Дрита Ислами за време на Европското првенство во Берлин.

Tаа на социјалните мрежи објави фотографија на која со рацете го покажува двоглавиот ореле, кој воедно се поврзува со Голема Албанија.

Токму поради оваа фотографија беше остро критикувана, поради што и самата даде коментар на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, кој по половина час го избриша.

Додека се сликав со македонското знаме во Таипеи ми честитавте за храброста, пишувавте како сум била пример за сооживот во Македонија, а вие за што сте?

Сега ви смета мојата слика со рацете, и пишувате глупости како се шетам и летам орли во Берлин, ако ви пречи тоа дека уживам во Берлин, повелете тренирајте и шетајте се на мое место, се е заслужено.

Само да ве потсетам дека јас сум АЛБАНКА, но сум државјанин на Македонија и трчам за Македонија, нема да го кријам мојот идентитет никогаш за никакви интереси, сосема е нормален гестот додека не го правев на стадион кога настапував за Македонија со македонски дрес.

Во ред е да критикувате за слабиот резултат што го истрчав, за тоа си држам сама одговорност, но ме интересира зошто воопшто не пишувате за другиот репрезентативец кој истрча уште послаб резултат од мене. Зашто е Македонец?

Бидете реални малку не ме напаѓајте на национална основа, знам дека ви сметам, но тоа сум.

Без навреда за многу Македонци со кои соработувам и ги почитувам, напиша Ислами на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Таа настапи на 400 метри со пречки и заврши убедливо на последното место.

Според кодексот на АФМ ниту еден репрезентативец не смее да го напушта хотелот додека е дел од националниот тим.

Тоа може да се направи групно за сите во националниот тим. Ислами поради ова се соочува со суспензија до 12 месеци.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...