14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаНА ЈУГОСЛАВИЈА Ѝ БИЛЕ ПОНУДЕНИ 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА И ВЛЕЗ ВО ЕУ

НА ЈУГОСЛАВИЈА Ѝ БИЛЕ ПОНУДЕНИ 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА И ВЛЕЗ ВО ЕУ

На 31-ви јануари 2007-ма година, поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров
гостуваше во емисијата „Отворено“ на хрватската национална телевизија.
15 години по распаѓањето на Југославија, поранешниот македонски претседател Киро
Глигоров на хрватската национална телевизија проговори за тоа што се случувало пред
распадот на Југославија и големиот предлог на Европската унија со цел да се спречи
евентуална војна.

Како член на Претседателството, претседател на Собранието и член на Советот на
Федерацијата на Југославија, Киро Глигоров беше една од најважните политички фигури во поранешната заедничка држава и вклучен во сите политички процеси и одлуки.
Глигоров открива дека како член Претседателството и претставник на Македонија, заедно со претставниците на останатите републики бил повикан на средба со „европската тројка“ – Луксембург (земјата претседавач), Жак Сантер и холандскиот комесар (и министер за
надворешни работи) Ханс Ван ден Брук.

Според Глигоров, претставниците на Европската унија на Југославија ѝ го претставиле
планот одобрен од Советот на ЕУ кој требало да ја спаси земјата од граѓанска војна.
„Жак Делор рече дека прво – со политичка одлука Југославија ќе биде примена во
Европската унија, веднаш. Второ, за да успее реформата на Анте Марковиќ, ќе добиете од буџетот на Европската унија 5 и пол милијарди долари. Но, потоа веднаш се покажа целиот
неразумен однос кој постоеше меѓу претседателите на републиките – ако некој кажеше А, другиот ќе речеше Б и немаше никаква согласност. Не можевме никако да се договориме за да не мора баш се да се уништи во поранешна Југославија“, откри Киро Глигоров.
Според поранешниот претседател, Делор откако сфатил дека не можат да се согласат, исто така нагласил дека секоја република која што сака независност, треба да оди на
референдум. Ако тоа го потврди народот, потоа републиката ќе биде примена во
Обединетите нации. Понудата на ЕУ била протолкувана и како конфедерално уредување на сите држави во состав на Југославија.
„Од десетте точки кои ги прочита Делор, јас не знам која беше подобра“, истакна Глигоров.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...