14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЖИТЕЛ НА ВРАТНИЦА ПОЧИНА НА БАРИКАДАТА ПРОТИВ ИЗГРАДБАТА НА МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА НА...

ЖИТЕЛ НА ВРАТНИЦА ПОЧИНА НА БАРИКАДАТА ПРОТИВ ИЗГРАДБАТА НА МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА НА ВРАТНИЧКА РЕКА

На селските гробишта во Вратница денеска е погребан 64-годишниот Душко Златевски. Тој вчера излегол на поставената барикада со која жителите на селата Вратница, Старе Село и Орашје не дозволуваат отпочнување на градбата на мини хидроцентралата на Вратничка Река. Кога се очекувало инвеститорот да дојде со механизација за да отпочне со градбата, на Душко му се слошило и паднал во бесознание. Докторот од блиската амбуланта му укажал прва помош, но на пат кон тетовската болница Душко починал. Сето ова предизвика уште поголем револт кај жителите од овие села против изградбата на мини хидроцентралата.

„Во понеделникот беше најавено дека фирмата ‘Требика хидро‘ ќе дојде со механизација. Жителите од овие три села веднаш реагираа и се собравме на почетокот од патот кој води кон локацијата каде треба да се гради хидроцентралата. Како барикада, поставивме и наша механизација, за да го спречиме пристапот. Во целата таа крајно напната и стресна ситуација во еден момент на нашиот соселанец Душко Златевски му се слоши и почина. Не знам дали треба да има уште жртви за надлежните конечно да го разберат нашиот став дека категорички сме против изградбата на хидроцентралата“, изјави Мирослав Спировски, претседател на здружението „Вратница“

ВРАТНИЧАНИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ НА ВРАТНИЧКА РЕКА ДА СЕ ИЗГРАДАТ МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ОТИ ЌЕ СЕ УНИШТИ СЕЛОТО
Жителите на овие три села уште од 2013 година водат борба со инвеститорот кој добил концесија да изгради мини хидроцентрала на Вратничка Река. Досега неколку пати успеале да го спречат во намерата.

„Не се работи за спречување на градбата на само една централа. Според наши сознанија, на Вратничка Река треба да се градат 4-5 мини централи, кои ќе се протегаат од самите врвови на Љуботен, па до вливот на Вратничка Река во Вардар. Целата постапка за давање концесија е спроведена нелегално и нетранспарентно и како последица на сето тоа сме дојдени во ваква ситуација“, вели Живе Кировски од Вратница.

Против изградбата на мини хидроцентралата се и жителите на соседното село Орашје. Се плашат дека таа ќе им ја секне водата и ќе им го запусти полето.

Барикадата од механизација и денеска беше поставена на пристапниот пат кон локацијата за градба на мини хидроцентралата. Вратничани и жителите на Старе Село и Орашје најавија дека в четврток имаат закажано средба со премиерот Зоран Заев.

Вчера со соопштение се огласи и инвеститорот, фирмата „Требика хидро“, во кое се вели дека ги има сите потребни документи, дозволи и елаборати за градба и велат дека ќе го имаат предвид зачувувањето на животната средина.

З. АНДОНОВ

©SDK.MK
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...