19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаИсторијаДенови ли се денови аргатски маки големи- 80 години од издавањето на...

Денови ли се денови аргатски маки големи- 80 години од издавањето на “Бели Мугри”

„Бели Мугри“ е врвно дело, коешто творечки се потпира врз достоинството што го носи македонското народно епско и лирско творештво, збогатени со творечката вештина на Рацин.

Во него доминираат социјалните и револуционерните теми. Насловот на стихозбирката е симболичен – пејзаж посакуван од работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе. Тоа е ново утро, нов почеток, нов живот во кој сите ќе бидат еднакви.

И после 80 години, сè уште наоѓаме смисла во стиховите на Рацин во „Бели мугри“. А нивната поетска убавина и експресија е безвременска. Прочитајте ги најубавите стихови од „Бели мугри“:

Роди се човек — роб биди
роди се човек — скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!

И ноќе кога месечко
гроб и со свила виеше
ветерчок тихо над неа
жална и тага рееше:
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна…“

Деј гиди горо зелена!
Деј гиди водо студена!
Пилците пеат — ти плачеш,
слнцето грее – ти темнеш.

Чаршиите изумреа,
дуќаните запустеа —
пропадна сичко, прокопса
занает златен – рѓоса.

На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиов тутун – нашава мака
нашава солена пот!

Но тиa росни утрини пресни
копнат во гради и тлеат.
Копнат и како бура пеат
и како огин палат.

Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко –
не ли си и ти аргатка клета

Извор Црно Бело

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...