20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаЦаровска се пофали дека отворила градинка во Валандово? Но погледнете што всушност...

Царовска се пофали дека отворила градинка во Валандово? Но погледнете што всушност е отворено !!!

Без потпис од надзорот и без технички прием, локалната власт во Валандово со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пуштиле во употреба објект за најмалите кој не ги исполнува стандардите за намената која ја има и условите кои требало да овозможува градинката, пишува скопски Курир.

Станува збор за објектот детската градинка “Калинка” во Валандово, чиј што проект за реконструкција на истата е поднесен на 22.04.2016 година. Општина Валандово е носител на овој проект од ИПА за меѓугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Грција-INTERREG,во кој учествуваат 5 партнери: Општина Валандово, Општина Серес, Општина Радовиш, Општина Лерин и CERTH-грчка државна лабораторија за испитување на хемиски и биолошки процеси. Вкупната вредност на проектот изнесува 1.478.000 евра, од кои 390.000 евра се одобрени во месец април 2017 година,во време кога со општината сеуште раководи ВМРО-ДПМНЕ.

Но, реконструкцијата на ДГ “Калинка” во Валандово не е изведена во согласност со проектот и предвидените позиции во проектната документација, а министерката Царовска изврши посета на објектот со цел промоција на успешно реализиран проект од локалната власт на СДСМ во општина Валандово.

Дека не е извршена и изведена реконструкцијата за чија намена се дадени средства од европските фондови говорат неколку факти и тоа:

-Целосно не е довршена кровната конструкција,наместо целосно да се замени парното греење со 2 нови котели на пелети и нови радијатори,старите радијатори се само префарбани и оставени се старите котели на нафта.

-Не се поставени фотоволтаици на кровот кои се предвидени во проектната документација и дополнително,направени се многу отстапувања при градењето,односно реконструкцијата на објектот во однос на проектната документација со која објектот на детската градинка требаше да биде модернизирана во целосно енергетски ефикасен објект и да бидат извршени реконструкции на повеќе позиции во внатрешноста на градинката.

-Објектот и дворното место се во катастрофална состојба и наместо дечињата да добијат еден нов современ простор за дневен престој,добија простор за сместување од кој нивните родители веќе почнаа да се сомневаатдека може да добијат одредени заразни болести.

Царовска и општина Валандово ја пуштиле во употреба градинката најверојатно поради жестокиот притисок на родителите кои беа принудени своите деца да ги испраќаат со несоодветен превоз до градинките во другите населени места во општината.

Општината со соработка со министерството не беа способни да реализираат и да ги запазат роковите дури и на обезбеден проект од претходната локална власт,па објектот го пуштија во употреба без да го завршат во целост,без да ја извршат реконструкцијата согласно проектната документација, без потпис од надзорот и без технички прием.

Од галеријата на фотографии може да се увиди во каква состојба е градинката, па тука се поставува прашањето дали станува збор за злоупотреба на средства од европските фондови и дали општина Валандово ќе сноси одговорност доколку се утврди дека тоа е така?

Надлежните институции треба да извршат надзор соодветно на нивните надлежности и да известат зошто се трошат европските пари за проект кој не е ни приближно оспособен од предвиденото во проектната документација, како и да утврдат дали навистина станува збор за злоупотребени средства за објект којшто не е реконструиран според превидените средства и документација.

Извор: Курир

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...