20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонија''Владата продава македонски пасоши за 200.000 евра''

”Владата продава македонски пасоши за 200.000 евра”

Владата со измена на уредба им овозможи на странските инвеститори во Македонија да се стекнат со македонски пасош и со влог од 200.000 евра со цел да се привлече поголем број на инвестиции во земјата и да му се даде дополнителен стимул на економскиот развој.

Според старото правило од 2012, кое се уште важи, македонско државјанство можеше да стекне странец кој инвестирал капитал во износ од најмалку 400.000 евра по лице како директна инвестиција во нови капацитети и тоа со најмалку десет вработени лица на неопределено време во период од најмалку една година, но при тоа тоа да не биде инвестиција во угостителството и трговијата. Едно од објаснувањата на тогашната власт беше дека тоа се доделува заради низа поволности за поединецот со капитал, а меѓу поважните е тоа што тој ќе може непречено да престојува во Македонија без прекини.

Со новиот член, странец ќе може да добие пасош доколку инвестирал капитал во износ од најмалку 200.000 евра и тоа во период од најмалку две години во приватeн инвестициски фонд, а при тоа не се бара ниту број на вработени. При тоа инвестицискиот фонд во кој бизнисменот ќе членува како еден од условите треба да има минимум 5.000.000 евра почетен капитал пред поднесување на инвестициската програма и при тоа да не работи со недвижнини како дејност. Инвестицискиот фонд не треба да има повеќе од 500 странци како инвеститори кои поднеле барање за стекнување на државјанство. Ова значи дека ваквата мерка е замислена како „колективно“ одобрување на овој документ и за повеќе странски бизнисмени одеднаш.

Инаку голем број европски земји нудат државјанство или дозвола за престој на странци кои би инвестирале висока сума. Различна е сумата како критериум и во тоа во што се вложува, бидејќи некаде доволно е тоа да биде само недвижнина. Праксата е актуелна и во земјите од регионот и пошироко, без разлика дали се работи за земји-членки на ЕУ или не. Такви примери се Малта, Кипар, Грција, Унгарија, Шпанија, Бугарија, но и земји кои се далеку од зачленување во ЕУ како што е Молдавија.

Економскиот интерес на државата за да му се даде пасош на инвеститорот ќе го оценува Фондот за иновации и технолошки развој а тој ќе треба да поднесе програма на приватниот инвестициски фонд наменета за поддршка на економијата, иновациите и инвестицискиот развој, извештај за неговите вложувања од друштво за управување со приватни фондови, а ќе му бидат потребни и потврди од државните органи и од деловната банка за неговиот удел.

Владата по своја „слободна“ проценка на странци им доделува македонски државјанства доколку земјата има особен интерес од тоа на полето на спортот, културата, науката или економијата или друг национален интерес. Пасош може да добие докажан менаџер во светски рамки, врвен стручњак за технологии, стручњак за област која е дефицитарна со соодветни кадри, придонесува за промоција на економијата на Македонија во странство или е донатор кој придонесува за економскиот развој, при што за тоа одлучуваат министерствата за финансии и економија. Ваквата можност ја дава првата владина уредба донесена уште во 2005.

Иако во минатото претходната власт ја промовираше мерката за добивање државјанство за влог од 400.000 евра и 10 вработувања, таа не се покажа како мошне популарна, а милионерите добиваа пасоши најмногу преку особениот економски интерес во Македонија.

Најконтроверзен поседник на македонски пасош преку овие мерки поседува иранскиот милијардер Реза Зараб, кој беше уапсен во Мајами пред три години поради обиди да ги крши санкциите на САД кон Иран. Ваквата можност често пати отвора можност новопечени „Македонци“ да станат и бизнисмени со сомнителен капитал, како што се пишуваше за Субрата Рој и за саудискиот инвеститор Каид Ал-Тавил.

Александар Кузмановски

faktor

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...