10.6 C
Ohrid
недела, март 23, 2025
ПочетнаМакедонијаЖивотна сторија: Шестчлено семејство ноќева онаму каде што ќе зајде сонцето...

Животна сторија: Шестчлено семејство ноќева онаму каде што ќе зајде сонцето…

spot_img

Шестчленото семејство Дестанови со години живее под отворено небо. Шемо и Мирсана заедно со децата на возраст од 12 ,15 ,16 и 20 години стуткани во напуштени објекти без вода и струја одејќи од град во град се кријат и топлат од студеното време.

<

Дестанови не знаат како ќе ја преживеат зимата и како ќе им овозможат услови на своите деца да се школуваат и лекуваат. Тие имаат имаат само една желба, институциите и добрите луѓе да им помогнат да имаат свој покрив над глава.

Новата година ја дочекале на депонија, Шемо е слеп и не може да работи а неговата жена мора да се грижи за него и децата.

Судбината си поиграла со нив,10 години се борат со студот и сиромаштијата а дополнително сега со нив е и снаата од најголемиот син која има бебе.

Семејството Дестанови моментално е во Струга но не се знае каде ќе бидат утре или следниот ден. Tие засега живеат од милостината на хуманите луѓе, но како што велат тоа не е доволно немаат никакви услови за живот единственото нешто што го бараат е скромен топол дом.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општина Охрид ќе додели финансиска помош за семејствата на жртвите во Кочани

Општина Охрид на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за...

Трошоците за лекувањето на повредените во дискотеката ПУЛС, се покриени од државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција, на која ги информираше медиумите за активностите и мерките што Министерството ги...

Отец Димитар во поткастот на Лазаров откри како ги смири немирите во Кочани.

Отецот Димитар во разговор во поткастот на Лазаров откри што се случувало тој ден во Кочани, а исто така посочи дека се надева дека...

Почина внуката на Јосип Броз Тито: Остана запаметена по нејзините ставови за Македонија

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито Во Белград, на 70-годишна возраст, почина Светлана Броз, внука на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито. Светлана...