16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПродолжен притворот на актерката Силвија Стојановска

Продолжен притворот на актерката Силвија Стојановска

Кривичен го продолжил домашниот притвор за актерката Силвија Стојановска и затворскиот притвор на Воислав Будисавлевиќ потврдуваа од Судот за Телма. Двајцата осомничени беа приведени како дел од мегународната акција во која беа фатени 700 килограми кокаин. Акцијата ја спроведувале заедно македонските, со полициските служби на Шпанија и Колумбија, а во координација на службата за борба против дрога на САД-ДЕА и беа приведени 5 мина осомничени во Скопје и Мадрид.

Македонските истражни органи открија дека во Шпанија во моментот на преземање на кокаинот биле уапсен и братот на Будисављевиќ и уште двајца шпански државјани а за двајцата македонски државјани упасени во Скопје се води истрага за дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ . Од обвинителството велат оваа истрага е се уште во тек.

На прес-конференцијата одржана пред нова година беше соопштено:

Идентификуван е и документиран модусот на организирање и транспорт на наркотична дрога-кокаин, кој опфаќа: набавка на наркотична дрога – кокаин од Колумбија и нејзино пренесување преку Атланскиот Океан во Шпанија за натамошна продажба со цел стекнување противправна имотна корист. Лидер на оваа група е првоосомничениот кој заради впишана забрана за патување во земјите од ЕУ, го ангажирал својот брат со кого остварувал редовни контакти и средби во Скопје и во овој период ги договарале чекорите за пренесување и дистрибуција на кокаинот. Откако биле договорени сите детали за преземањето на наркотичната дрога-кокаин од Мадрид, на почетокот на месец декември, второосомничената по инструкции на сопругот направила резервација на апартман во Мадрид на име на неговиот брат плаќајќи ја со сопствена кредитна картичка. Исто така, второосомничената во текот на месец октомври оваа година, отпатувала за Мадрид за да во име на нејзиниот сопруг од НН, шпански државјанин подигне парични средства во износ од 10.000 евра, најверојатно поврзани со криминалните активности на оваа криминална мрежа. Карактеристично за оваа организирана криминална група е тоа што комуникацијата се одвивала на лични и непосредни средби остварени помеѓу членовите на организираната криминална група и тоа во Скопје, Мадрид, Белград, Дубаи, Канкун и Картагина и преку интернет комуникација со висока заштита.

Запленетата дрога при продажба на големо би достигнал цена во вредност од околу 20 милиони евра, соопштија од македонското МВР.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...