1.9 C
Ohrid
недела, јануари 26, 2025
ПочетнаМакедонијаНавивачите на Шкендија ќе навиваат против – Македонија, со алабански знамиња ќе...

Навивачите на Шкендија ќе навиваат против – Македонија, со алабански знамиња ќе се навива за Косово

spot_img

Само еден ден откако македонските навивачки групи решија заеднички да ја бодрат Македонија на претстојниот полуфинален натпревар од Лигата на нации против Косово (26 март), доаѓа информацијата дека и следбениците на Шкендија решиле да се појават на арената „Тодор Проески“ во Скопје, но на делот наменет за – косовските фанови.

<

Тетовци денеска и официјално постигнале договор со поддржувачите на косовската национална селекција наречени „Дардани“ за заедничко навивање против Македонија, што дефинитивно ќе биде куриозитет каков што не е виден во фудбалскиот свет. Тешко е да се најде било каков друг идентичен пример, кога навивачите на актуелниот шампион ќе навиваат против репрезентацијата на државата во која се најдобри на теренот.

Одлуката на „Балисти“ е уште поконтроверзна ако се знае дека е направено збратимување со навивачи кои во минатото во повеќе наврати имаа скандалозни испади против Македонија, меѓу кои е палењето на македонското знаме. Тоа не ги спречи навивачите на Шкендија да влезат во коалиција со Косовците, кои, пак, најавуваат албанска инвазија на Скопје на денот на одигрување на натпреварот, преку кој двете селекции бараат продолжување на сонот за пласман на Евро 2020.

За разлика од нив, припадниците на групата „Шверцери“, која навива за Шкупи, ја одби поканата да навива за Косово, но не поради фактот што ја сака или ја чувствува Македонија како своја држава, туку поради определбата дека единствена репрезентација за која тие би навивале е таа на – Албанија.

Извор: Спорт 1

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија го заврши Светското првенство на 15. место

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. Место на СП 2025 што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, откако нашите ракометари со вечерашниот пораз...

Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс...

Данела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика МВР да ја уапси, како што вели таа, банкадата која пали диви депонии, откако биле претепани...

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...