20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаИ градинките ќе одат во карантин заради корона вирусот

И градинките ќе одат во карантин заради корона вирусот

Вртоглаво расте бројот на деца кои се во домашна изолација во општина Карпош.

Покрај трите деца утрово од основното училиште Владо Тасевски од Козле кои се во домашна изолација и двете деца од основното училиште Братство чии родители исто така биле на симпозиумот во „Рагуза“ денеска нов случај на изолирано дете и во градинката Пролет.

Истата инаку е во непосредна близина на основното училиште Владо Тасевски.

КУРИР дознава дека мајка на едно од децата во изолација од градинката Пролет вчера доцна попладнето ги информирало родителите од групата во кое оди нејзиното дете дека поради актуелната состојба и нејзиното дете ќе го задржи дома иако вчера во текот на денот било во градинка.

Инаку мајката на детето кое е во изолација во саботата била во „Рагуза“ на симпозиумот на кој присуствуваа над 100-тина кожни специјализанти и сите се во домашен карантин.

Директорката на градинката пролет одби да даде телефонска изјава за КУРИР образложувајќи дека има многу работни состаноци и за истата да се обратиме на лице место во градинката.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...