19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаБројката расте: Уште две нови лица заразени од коронавирусот во Дебар.

Бројката расте: Уште две нови лица заразени од коронавирусот во Дебар.

Позитивни на коронавирус во државав се уште две лица. Тие се од Дебар и се соседи на претходно хоспитализираните тројца дебарчани заразени со овој вирус и заедно со нив бројот на заразени во државава се искачи на девет. Во текот на денов се испитуваа вкупно 12 лица.

– Од сите испитани пациенти денеска, двајца се позитивни од Дебар кои биле во контакт со претходно хоспитализираните, биле соседи и имале чести контакти. Сите нивни други роднини кои живеат во истата куќа се негативни, но ќе продолжат да бидат во домашна изолација и лекување. Нивната здравствена состојба го дозволува тоа, рече на прес-конференција попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

Како што информираше министерот претходно, седумте пациенти со коронавирус се со лесна клиничка слика, дишат сами без машина за вентилирање, првозаболената пациентка има втор негативен тест и наскоро ќе биде пуштена од Инфективната клиника на домашно лекување. Состојбата на сите лица кои се во домашна изолација е добра.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...