13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата им го зголеми карантинот на повратниците, нема повеќе 14 дена од...

Владата им го зголеми карантинот на повратниците, нема повеќе 14 дена од сега ќе биде 21 ден !!

Македонските граѓани кои од денеска ќе влезат на граничните премини во земјава, а доаѓаат од земји со висок ризик од кронавирус, наместо 14 дена ќе треба да проестојуваат во карантин најмалку 21 ден. Мерката, како што одлучи Владата на денешната 40-та седница ќе важи за сите наши државјани вратени во земјава со хуманитарни летови или со конвои по копнен пат.

-Владата донесе и Уредба за дополнување на Уредбата за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, според која, на државјанин на Република Северна Македонија, кој влегува на граничните премини во нашата држава по 13 април 2020 година, а бил затекнат во земји со висок ризик од коронавирус КОВИД-19, согласно листата на Светската здравствена организација (СЗО), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од најмалку 21 ден од денот на пристигнувањето во Македонија, соопшти владината прес-служба.

На денешната седница, се додава во соопштението, беше донесена и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните вратени од странство со хуманитарни летови, според која оваа Одлука важи и за сите државјани на Македонија, вратени од странство и со конвои по копнен пат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...