14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЗарем ова е здравството што го фали Венко, 15 дена лежиме во...

Зарем ова е здравството што го фали Венко, 15 дена лежиме во болница со моето бебе, чаша вода нема кој да ни даде, ме боцкаат секој ден никој не ми кажува резултати ни за што ме боцкаат

Александра Ангелова, мајката на четиримесечното бебе кое беше примено со Ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје, преку статус на „Фејсбук“ реагира на условите за лечење на клиниката. Таа вели дека бебето не примало посебна исхрана како што тврдело Министерството за здравство, по три дена чекале за да земат брис од бебето, а кога ќе побарала вода, како што тврди, ѝ кажувале дека „донацијата била потрошена“.

„Ма какво менаџирање, каков способен здравствен систем, БРАВОО! Не знам ни сами дали си верувате во бајката. Кога и човек како мене со челични нерви успеавте да го изреволтирате. Кого лажете за добра комуникација меѓу доктор и пациент? Да лежиш 15 дена на Инфективна клиника и еден доктор да не ти каже резултати, ниту зошто примаш терапија и зошто те боцкаат? Кога прашуваш за вода да ти кажат дека се потрошила донацијата, а на телевизија кажувате бебе на посебна исхрана. Каква е таа посебна исхрана??? Три дена да ти велат дека ќе земат брис од бебето, а не земаат. Гајле ви е дали има чиста облека или парно за доколку испереш нешто да се исуши. Да ти кажуваат спреми се, си одите, а за 15 минути да дојде друг да ти рече не си одите. Еден со друг не сте усогласени и зборувате за добро менаџирање. Две недели еден доктор ме преслуша и сега наеднаш здраво бебе ќе чека да си оди, бидејќи вам сега ви текна да ѝ земете крв на мајката, за која некои од докторите не знаеја ни дали е хоспитализирана. Со чии нерви си играте вие? Штом не можете на крај да излезете со стабилните пациенти, Господ нека им е на помош на критичните. Единствено големо браво за педијатарот, целосно посветена и одговорна. Сечие трпение и сечија истрајност има крај.

П.С. Додека ве слушав на телевизија и јас верував во вашата БАЈКА!“, пишува Ангелова на фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...