13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Ногачески со помош на дигалка им помогна на штрковите да си...

Градоначалникот Ногачески со помош на дигалка им помогна на штрковите да си направат гнездо пред општината.

Во ова време – невреме, денови на неспокој и немир предизвикани од коронавирусот градоначалникот на Дебрца ни сподели несекојдневна, поведра сторија, која исполнува со позитивна енергија.

Белчишта е едно од ретките села кое се карактеризира со голем број на штркови, кои ги свиле своите гнезда по покривите , по оџаците на куќите, на плевните, бандерите.
Тие се предвесници на пролетта, кои секогаш во исто време, по прелетани илјадници километри, без грешка се враќаат во своето гнездо, а во средината на август повторно заминуваат.

Деновиве еден пар штркови со денови се измачувал да го свие своето гнездо на бандерата, непосредно до зградата на општината. Штрковите вредно работеле, ама тешко им одело па градоначалникот дошол до една интересна идеја како да им помогне на птиците.

Со телескопската дигалка ангажирана од општината и електромонтажната екипа на ЕВН Охрид се постави специјална платформа-корпа за нивното гнездо.

Штрковите прво си заминале, ама денес повторно се вратија и продолжија да си го доградуваатгнездото…

Нашиот народ велит дека доколку штркот изгради гнездо на вашата куќа, на вашиот оџак, тоа ви носи и среќа.

Се надеваме дека и овојпат ќе биде така и штрковите ќе ни донесат среќа на сите♥️

Па создравје нека си седат напиша градоначалникот на социјалните мрежиФотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...