11.1 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонија8-мина кои биле сместени во хотелот Дрим не ја почитувале одлуката па...

8-мина кои биле сместени во хотелот Дрим не ја почитувале одлуката па за заработија по 3.000 евра казна

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица, осум кои не ја почитувале Одлуката за задолжителен државен карантин, а едно за движење во полициски час, соопштија од ОЈО Струга.

– Тие со хуманитарни летови организирани од Владата се вратиле во земјава, по што биле сместени во задолжителен државен карантин во хотелот „Дрим”. Но, на 8 април, полициски службеници ги затекнале надвор од нивните соби. Кога им било наредено да се вратат во собите, тие продолжиле да се движат низ ходникот на хотелот. Надлежен јавен обвинител предложи на секое од овие лица да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 30 евра во денарска противвредност, се вели во образложениот на обвинителството.

Деветото лице за кое струшкото обвинителство поднесе предлог за издавање казнен налог не ја почитувало Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час на 31 март тој бил затекнат надвор од неговиот дом. Основното јавно обвинителство Струга за ова лице предложи парична казна од 100 дневни глоби, секоја во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​

ПРЕТХОДНО

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...