23.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаЕстрадаДали постои погрешна љубов?- Одговорот ќе го пронајдете во новата карантинска песна...

Дали постои погрешна љубов?- Одговорот ќе го пронајдете во новата карантинска песна на Елена Јовческа..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И токму така кога сите помисливме дека нашата Елена не заборави во овие тешки денови на самоизолација, таа не изненади со една прекрасна музичка нумера.  Елена во услови на изолација, успеа да создаде ново музичко дело, а за реализација на нејзината замисла ги повика најдобрите музичари од Македонија.

<

Елена ја промовираше најновата песна “Грешна љубов”, која што нема да остави никого рамнодушен, бидејќи станува збор за доста емотивна песна која што таа и нејзиниот бенд ја изведуваат со многу емоции кои ги пренесуваат на гледачите. Јовческа истакна дека е среќна што конечно се исполни нејзиниот сон, да ја промовира нејзината најнова песна, напишана со многу љубов.

-Оваа песна за да ја напишеш треба и така да се чувствуваш. Јас мислам дека сите ние на некој начин сме имале ГРЕШНА ЉУБОВ, а во нив спаѓам и јас. Вложив многу труд, трпение и љубов во оваа песна. Им Благодарам од срце на сите мои колеги кои се навистина големи професионалци и својата задача ја завршија одлично. Песната е мое комплетно авторско дело и се надевам дека во неа ќе е пронајдат сите кои ќе ја слушнат.-изјави Јовческа, а наскоро кога ќе заврши и ова лудило по име Ковид-19 ќе се круниса оваа песна со спот, кој веќе е во преговори со ИН ТВ.

Бендот кој што Елена го одбра за реализација на овој проект го сочинуваат :

Илија Филиповски-виолина, Маја Михајловска-чело, Никола Стојановски-гитара, Дарко Аврамовски-тапани, Марјан Ртоски-клавијатура. Придружен вокал е талентираната Марија Митровска, за која што Јовческа вели дека ја следи блескава музичка кариера.

Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во нивната изведба !

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...