24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Мора да ги заштитиме постарите лица, издржете уште малку па ќе...

Филипче: Мора да ги заштитиме постарите лица, издржете уште малку па ќе ги олабавиме мерките

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тестовите последните денови покажуваат намалување на бројот на заболени од Ковид 19, според кои околу пет отсто од тестираните се позитивни, поради што може од наредната недела да се размислува за олабавување на мерките. Ова го соопшти министерстерот за здравство, Венко Филипче, според кој, трендовите на заразата се следат подолго време, пред да се донесе каква било одлука за актуелните мерки.

<

По вчерашното собирање на граѓаните на литијата во Струга, Филпче имал средба со МПЦ и ИВЗ , на која ги потсетил верските заедници дека е забрането групирање на повеќе од двајца. Ова особено и пред најавата на ИВЗ дека на 12 мај џамиите ќе бидат отворени.

На прашањето дали ќе биде санкционирана ИВЗ поради тоа што и денеска влегуваат верниците во џамиите, Филипче ги повика инситуциите да преземат мерки, особено, што, како што рече „собир е собир“.

-Секое непочитување на мерките може да не’ врати назат. Апеалирам институциите овие случаи да ги расчистат, изјави Филипче.

Во овој момент не планираме посебни мерки за Струга, дури планираме и попуштање на мерките. Сериозен ризик е ваков настан. Колку мнозинството и да ги почитува мерките, во вакви случаи и најмал контакт може да направи кластер. И во таа наа насока беше апелот до верските заедници. Само почитување на таа мерка може да не движи во насока на враќање назад во евидемијата.

На прашањето за препораките по олабавување на мерките, каква да биде комуникацијата, Филипче кажа дека треба да преовлада свеста дека постарите лица мора да ги заштитиме.

-Треба да се почитуваат правилата, особено што некој може да е асимптоматски носител на вирусот. И во тие посети треба да се носат заштитни мерки. Ако е на затворено, задолжително, ако е на отворнео, ако нема услови за дистанца, рече Филипче.

ммс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...

Седум години Северни- Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа !!!

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и...

Патничко комбе излета во Охридското Езеро кај селото Подмоље.

Утринава на стариот пат од селото Подмоље кон Охрид, во близина на болницата „Свети Еразмо“, патничко комбе излетало од коловозот и завршило во Охридското...