20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Уште во септември градинките може да почнат со работа

Филипче: Уште во септември градинките може да почнат со работа

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега ми е навистина тешко да каже, меѓутоа смета дека градинките може да почнат уште во месец септември, одговарајќи на новинарско прашање од кога би можеле да почнат со работа градинките.

Тој изјави дека за протоколите за тоа како да се организира работата е разговарано уште пред неколку месеци, а земени се предвид и модели од други држави. На последниот состанок на Комисијата за заразни болести, пак, се разговарало за тоа како ќе се постапува ако некое дете има температура.

– На последниот состанок на Комисијата за заразни болести зборувавме и за алгоритмот како би постапувале кога би се појавило некое дете со покачена телесна температура. Во таа смисла, имавме заеднички состанок со сите директори на Центрите за јавно здравје во државата. Да се знае како ќе биде комуникацијата помеѓу градинката, центарот за јавно здравје, матичниот педијатар и како ќе се известуваат и по кој алгоритам и кои родители, на кои деца во истата група или на другите, согласно проценетиот ризик од епидемиологот. Така што, сме размислиле и сме дискутирале и сме ги расчистиле дилемите за сите аспекти во однос на почетокот на работата на градинките. Така што, потребно е само на владина седница да се донесе соодветна одлука по предлог на Министерството за труд и социјална политика за точниот датум за почеток на работат – изјави министерот.

градинкимакедонијаотворањепротоколиработафилипче

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...