19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаКујтим Усеини: Багерите што копале песок од езерото не се на ''Нефи...

Кујтим Усеини: Багерите што копале песок од езерото не се на ”Нефи Ик”

Kомпанијата „Нефи ИК“ никогаш не вадела песок од брегот на Охридското Езеро, тврди Кујтим Усеини, брат на Нефи Усеини, советникот на Општина Охрид и сопственик на нелегалната бетонска база изградена на излезот од Охрид, во близина на езерото.

Според изјавата на Усеини, невистинити се информациите објавени од страна на активисти на „Охрид СОС“, дека багер на компанијата „Нефи ИК“ црпел песок од езерото што, како што нагласува, било утврдено и од страна на полицијата што ги проверувала тврдењата објавени на статусот на „Охрид СОС“.

„Багерот снимен како копа во езерото не е наш. Компанијата ‘Нефи ИК’ ниту некогаш црпела, ниту црпи, ниту некогаш ќе црпи езерска песок за бетонска база. Ние поседуваме сопствен каменолом од каде што користиме суровини за производство на висококвалитетен бетон кој го користиме во градежните активности и не користиме материјали кои може да го компромитираат составот и квалитетот на бетонот и градбите кои ги изведуваме“,

вели Кујтим Усеини.
Компанијата „Нефи ИК“ бара извинување од организацијата „Охрид СОС“ и нејзините активисти за изнесување невистини преку социјалните мрежи, а истовремено апелира до медиумите да не пренесуваат непроверени информации.

Граѓанската иницијатива за заштита на животната средина „Охрид СОС“ вчера на својот фејсбук-профил објави снимки на кои се гледа како механизација врши ископ на песок од литоралот на езерото посочувајќи дека станува збор за механизација на Нефи Усеини, за потребите на неговата нелегално изградена бетонска база.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...