14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски во среда ќе протестира против поскапувањето на струјата...

Мицкоски во среда ќе протестира против поскапувањето на струјата…

Мицкоски: На 9 септември, среда, ги повикувам граѓаните на протест. Протестот ќе започне во 18 часот. Појдовна точка ќе биде Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Имаме скапа струја, а сиромашен народ, рече Мицкоски истакнувајќи дека тоа е првата причина за која ќе протестираат.

Најави и дека протестот ќе биде прв во низата протести што ќе следуваат во следниот период.

-И токму поради тоа ќе протестираме. Тоа е причината поради која ќе излеземе со свои барања. И уште нешто, да нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија една милијарда евра на поткуп, трошат над осум милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува. Обезбедуваат повластена тарифа за универзалниот снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агеција за обезбедување за што се сомневаме дека испумпуваат пари додека сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати по старо, рече Мицкоски.

Им порача, како што рече, на сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати здруженија, еснафи и поединци оти е време за обединување и надминување на разликите против оваа власт која продолжува да се богати врз грбот на народот.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...