16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколоски: Преку оглас ќе бараме стручни Директори за јавните институции.

Николоски: Преку оглас ќе бараме стручни Директори за јавните институции.

Преку конкурс и но мотивациони писма владата ќе ги бира професионалните кадри кои треба да влезат во третиот ешалон, односно во директоратите, агенциите и институциите на кои треба да бидат назначени првите луѓе.

Сепак како овој колач ќе го поделат владините коалициски партнери – вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски не даде конкретен одговор, посочувајчи дека станува збор за владина коалиција и за сите важни прашања е потребно да се постигне договор со коалициските партери но главен критериум вели е професионалноста.

Премиерот Заев пак и денеска посочи дека очекува до 20 октомври да завршат одлуките за поставување раководни лица, но конкретни имиња не прецизираше.

Денеска исто така беше презентиран и извештајот на ГРЕКО според кој Македонија не е повеќе во групата на глобално незадоволителни држави. Ова тело на Советот на Европа се занимава со мониторинг на антикорупциските скандали и укажува дека нашата земја ги применува препораките кои и се даваат.

Сепак во делот на борбата против корупцијата и домашните антикорупционери вчера апелираа дека е неопходна измена во 19 закони со цел борбата против корупцијата и непотизмот да биде ефикасна. На дел од законодавството пшак му дадоа позитивна оценка но велат не се применува во целост.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...