12.7 C
Ohrid
вторник, октомври 27, 2020
Почетна Македонија Обвинетите во „Монструм” ќе поднесат крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

Обвинетите во „Монструм” ќе поднесат крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

Translate (Eng):[gtranslate]

Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир.

Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по завршување на денешното рочиште за „Монструм”, кој уште додаде дека нивниот став оти случајот е монтиран е потврден со денешниот исказ на сведокот Николовска дека ова вештачење е фалсификувано.

-Самиот вештак Снежана Николовски призна дека државата нема метода да прави анализа на земјата, која е една многу тешка анализа. Таа призна дека при вештачењето го има употребено само методот на компарација, односно само бојата на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. И на нашите прашања, но и на прашања на Обвинителството таа призна дека го има фалсификувано нејзиниот извештај, односно нема направено анализа на елементите на земјата. За овој фалсификат како одбрана ќе поднесеме кривична пријава против овој вештак. Ова е пети пат што сведочи овој вештак и секој извештај беше различен и ова беше нашиот сомнеж, односно ова произлезе од сведочењата на експертите на МВР, изјави Рауфи.

РЕКЛАМА

Тој, исто така, посочи дека зад „овој фалсфикат” не стои вештакот Николовска, туку дека има наредба, иако сведокот Николовска, во своето сведочење рече дека нема такво нешто.

Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” мисли дека во кривичната постапка што ќе биде покренета против вештакот ќе се дознае и кој дал наредба за „ваков фалсификат”.

Од друга страна адвокатот на оштетените семејства во судскиот предмет за Смилковско Езеро, Дафинка Ивановска, истакна дека вештакот (сведокот) Николовска, ги кажала методи, но не кажала дека всушност таа земја не припаѓа од тие места од кој што анализирала.

– Сведокот кажа дека се што имала ја завршила на таков начин како сметала дека треба и по најсовремени методи била стручна. Имале и обуки, била со лиценца и е завршено на начин кој е потребен за да утврди од каде потекнува таа земја. Таа беше категорична дека тоа што го направила и таа земја што е подигната од страна на увидна екипа, и таа дополнителната што е подигната произлегува од местата што се поврзани со кривично правниот настан, рече адвокатката Ивановска.

При денешното сведочење вештакот Николовска, по прашање на обвинителката Фетаи, рече дека во вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир има неточни податоци.

– Елементарниот состав на земјата и гранулатот се вишок, јас ги ставив, рече Николовска, по што следеше прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали е свесна дека е ова е лажен документ, и по чија наредба го направила тоа. – Не е по никоја наредба. Немам објаснување, рече вештакот Николовска.

Следното рочиште случајот „Монструм” e закажано за 16 октомври, каде е предвидено да се презентират докази од одбраната.

Случајот за овој предмет го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е обвинителката Фатиме Фетаи.

- Реклами -