16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија нема пари за 16-те монтажни болници, есенскиот бран ќе си го...

Македонија нема пари за 16-те монтажни болници, есенскиот бран ќе си го чекаме со исти капацитет !!!

Есенскиот Ковид бран ни е пред врата а македонското здравство останува со капацитетите што ги имаше досега – ништо од најавените 16 мобилни болници.Проектот кој што требаше до крајот на август да биде готов, сè уште останува на хартија. Пари нема – ниту рок кога ќе бидат готови, министерот за здравство Филипче повторно се правда дека се зависело од кредиот од Светска банка.

“За жал изгубивме драгоцено време повеќе месеци.. мобилните болници имаат за цел да ги одделат целосно физички пацинетите кои се заболени од Ковид19. Истите тие тимови кои што работат како инфектолози и медицински сестри дополнети со системот на ротација и дополнети со младите лекари ќе бидат респределени во тие болници.” – вели министерот за здравство Венко Филипче.

Во меѓувреме, црната бројка на починати од коронавирусот продолжува, од почетокот на пандемијата досега се евидентирани повеќе од 720 починати. Но тоа министерот Филипче не го загрижува – напротив вели состојбата била стабилизирана. А анализата за причините за високата смртност ја најави за две недели.

За сега останува запаметен 2 јули, кога беа регистрирани дури 15 смртни случаи Ковид-19, но загрижува и вчерашниот ден каде евидентирани беа 9 починати.

Ања Василева Алфа

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...