14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев : Во учебниците нема повеќе да пишува бугарски фашистички окупатор

Заев : Во учебниците нема повеќе да пишува бугарски фашистички окупатор

Македонскиот премиер Зоран Заев неодамна во интервју за бугарската државна телевизија најави дека Договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде ратификуван.

 

„Македонија доби со Договорот за добрососедство со Бугарија, а не загуби ништо. Ние зборуваме на јазик на кој што се разбираме. Само заедно можеме да си помогнеме и да одиме напред“, истакна Заев.

 

Заев потврди дека новиот договор со Бугарија е само продолжение на договорот кој беше направен од претходната влада.

 

„Деведесет проценти од Договорот за добрососедство со Бугарија беа направени од Груевски и од власта. Јас ја имав честа на крајот, заедно со премиерот на Бугарија да ја донесеме храбрата одлука, како лидери кои мислат на иднината на двете земји, и на соработката. Тука беше застанат договорот- дали имаме или не заедничка историја. Светот има заедничка историја, Исус Христос чија историја има? Ние само го направивме последниот чекор. Ние до крајот на годината ќе го ратификуваме договорот“- изјави премиерот Заев во интервјуто.

 

Во однос на историските прашања што ги засегаат двете земји, Заев рече дека во учебниците веќе не се говори за „бугарски фашистички окупатор“ и оти македонското општество го осудило уништувањето на споменикот на Кајмакчалан, зашто тоа предизвикало страдање на Бугарите.

 

На прашањето на водителот дали во Македонија во учебниците пишува дали Бугарите се фашистички окупатори, Заев вели дека не пишува таква работа, но и да има тоа треба да се смени.

 

„Мислам дека во минатото во некои учебници имало таква работа. Пишувало фашистичкиот бугарски окупатор, но во модерната историја во Македонија пишува само за фашизмот, а не пишува за нациите како фашисти или окупатори или нешто слично“, вели Заев.

 

На прашањето дали историчарите ќе ги менуваат учебниците и фашизмот нема повеќе да се спомнува, Заев вели дека во духот на пријателството ова мора да биде некаде исправено заради тоа што постоеле различни луѓе кои добивале дозволи и ги пишуваат учебниците. Заев исто така посочува дека промените со историјата настанале уште пред да се потпише договорот со Бугарија кога во времето кога тој бил градоначалник во Струмица почнал да ги менува плочите каде што било пишано за бугарскиот фашистички окупатор.

 

„Во Струмица имаше една плоча на која пишуваше: Тука загина еден наш јунак од бугарски фашистички куршум. Тоа е избришано и е напишано од фашистички куршум. На пример уште многу години пред да биде договорот додека бев градоначалник на Струмица“, посочува Заев.

 

Прашан како мисли да го реши проблемот со името, Заев оцени дека Грција ги омекнала позициите и очекува дека двете земји ќе имаат взаемно разбирање при наоѓање на решение за спорот. Сепак, додава дека и двете страни треба да направат отстапки.

 

„Ние сме свесни дека северниот дел на Грција се нарекува Македонија и немаме проблем со таа работа. Тие сакаат да го разграничат тој дел од земјата со државата Македонија. Во ред, ќе најдеме начин како да се разбереме, а притоа и тие да бидат среќни, а и ние да бидеме, или двете страни подеднакво да не бидат среќни. Решението мора да го најдеме за да ги отвориме перспективите за соработка на двете земји, ние сме должни како политички лидерства да ги решаваме проблемите, а не да ги комплицираме“, нагласи премиерот Заев.

 

Тој нагласи дека на заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија што ќе се одржи на 23 ноември во Струмица, врз основа на договорот за меѓусебна соработка, ќе бидат потпишани уште десет нови договори.

 

„Нашите влади ќе потпишат нови десет договори со нашите колеги од Бугарија. Тука може да има корист и полза за секој граѓанин од двете држави. Може да има повеќе пари преку отворање нов бизнис, нова културна или спортска соработка, од областа на образованието, туризмот, енергетиката и севкупната економија“, рече Заев.

 

Инфраструктурното поврзување на Македонија и Бугарија мора да биде еден од приоритетите на регионот – вели Заев. Изрази силна поддршка за изградбата на Коридорот 8, кој ќе води од Драч преку Скопје до Црно Море во Бугарија.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...