4.9 C
Ohrid
вторник, февруари 11, 2025
ПочетнаМакедонијаЈанкуловска има желба да работи во затворскиот весник во „Идризово“

Јанкуловска има желба да работи во затворскиот весник во „Идризово“

spot_img

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска која неколку недели е во приемното одделение на КПД Идризово изразила желба да биде ангажирана во затворскиот весник.

<

Директорот на Идризово, Александар Донев за „Фокус“ изјавил дека како поранешен висок функционер таа ќе биде сместена во затвореното одделение и ќе добие придружба од службено лице кое ќе ја следи додека се шета или работи.

Јанкулоска треба да издржи 4-годишна затворска казна како осудена во случајот „Тенк“.

Нејзиниот сопруг Влатко Илиевски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 најави тужба пред Судот за човекови права во Стразбур  против судијката Добрила Кацарска за пристрасност. Тој тврди дека на Јанкулоска и било скратено правото за правично судење и дека од почеток до крај, постапката била неправична.

Јанкуловска инаку не е аболицирана од поранешниот претседател на земајва Ѓорге Иванов за случајот „Тенк“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мухамед Зекири се прости од убиениот во Чаир: Го загубивме нашиот најдобар пријател, брат и син

Екс генералниот секретар на владата на Заев Мухамед Зекири преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од убиениот во ноќешната престрелка во Чаир и откри...

Фото: Убиениот е син на поранешен функционер од ДУИ

Во полноќното пукање во Чаир едно лице загина, додека друго беше повредено. 4news.mk дознава дека убиениот е 35-годишниот Хабиб Буњаку, син на Екрем Буњаку од...

Детали за убиството во Чаир: Се скарале во сообраќај па извадиле пиштоли и почнале да се пукаат

На 10.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала...

Пукано во членови на семејство на функционер на ДУИ, едно лице починало, другото е рането

Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што рано изутрина се случила во населбата Топанско поле во Скопје. Според информациите на Канал...