19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаСветБугарија со поплаки во Брисел дека во Македонија се води „антибугарска идеологија“

Бугарија со поплаки во Брисел дека во Македонија се води „антибугарска идеологија“

Амбасадорите на ЕУ денеска ќе разговараат за пристапните преговори со Албанија и Македонија. Дипломатите брифираат дека се очекува Бугарија да каже „не“ на почнувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија. Во документот дистрибуиран од Софија до владите на ЕУ, виден од новинар на Политико, Бугарија вели дека она што се случува во Македонија го смета за „антибугарска идеологија спонзорирана од државата“, пишува Политико.

„Нема да навлегуваме во деталите за бугарската чувствителност, кои се базираат на аргумент за тоа кој бил подобар во борбата против Отоманската империја пред повеќе од еден век. Штета за Северна Македонија! Се откажаа од името на нивната земја за да ги смират Грците и сега се очекува нивната историја да биде подложена на одобрување од Бугарија. И сето тоа, имајте предвид, за нејасна можност за евентуално влегување во ЕУ, имајте предвид“, пишува „Политико“.

Според дипломатски извори, во Брисел од вчера веќе се разгледува и преговарачката рамка.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...