22.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаКавадарци завиен во црно: Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на...

Кавадарци завиен во црно: Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26 годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21 година.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26 годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21 годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти, објави денеска градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

<

Додава дека изразува длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство.

„Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија.
Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови, вели Јанчев.

Браќата имале апластична анемија заболување кое е сериозно нарушување на крвта од неактивност или оштетување на коскената срцевина.

И директорот на Општата болница од Кавадарци, д-р. Диме Коцев, утринава во изјава за Фактор рече дека во нивната болница, односно во ковид-центарот, досега има сместено многу пациенти, меѓу кои најмладите биле токму браќата Ѓерѓеви.

-Тие беа најтешките пациенти кои оттука моравме да ги трансферираме итно на Инфективната клиника во Скопје. Двете момчиња имаа сериозно генетско заболување на крвта. Овој нивен коморбидитет придонесе ковид да се развие во најтешка форма, рече д-р. Коцев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...

Седум години Северни- Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа !!!

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и...

Патничко комбе излета во Охридското Езеро кај селото Подмоље.

Утринава на стариот пат од селото Подмоље кон Охрид, во близина на болницата „Свети Еразмо“, патничко комбе излетало од коловозот и завршило во Охридското...