19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата ќе го спасува Преспанското и Дојранско езеро со 75 милиони денари.

Владата ќе го спасува Преспанското и Дојранско езеро со 75 милиони денари.

За оваа цел, општина Ресен доби 44 милиони денари, а Дојран 30 милиони
Одлуки за одобрување првични средства за ревитализација на Преспанското и на Дојранското Езеро донесе Владата на денешната седница.

Од буџетот за 2020 година се одобрени средства во износ од 44.000.000 денари на општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанското Eзеро. Ваква Одлука за одобрување на средства во висина од 30.000.000 денари од буџетот за 2020 година Владата донесе и за општина Дојран за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Eзеро.

На оваа седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата со анализа и акцискиот план за Преспанското Езеро, подготвена од експертската работна група.

Во неделата, при посетата на Преспанскиот регион, премиерот Зоран Заев најави првични 80 милиони денари за езерото, посочувајќи дека проектот за негова ревитализација ќе се реализира во три фази.д

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...