14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаТурканици за бесплатни пакетчиња во скопската ЗОО градина. (Фото)

Турканици за бесплатни пакетчиња во скопската ЗОО градина. (Фото)

Родителите се туркаа во скопската ЗОО градина со цел да дојдат до бесплатно пакетче кое ги делеше Дедо Мраз, како дел од настанот „Новогодишна бајка“ кој се одржува трета година по ред.

На најмладите посетители, Дедо Мраз им делеше пакетчиња, градината беше преполна со родители и деца кои без почитување на мерката за држење растојание се туркаа за да дојдат до Дедо Мраз и да земат бесплатно пакетче.

Во најавата стоеше дека настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено, а носењето маска е задолжително.

Сепак, тие правила не се испочитуваа па Дедо Мраз беше опкружен од река деца и родители натискани еден до друг.

На социјалните мрежи родителите беа незадоволни од огранизацијата, поради тоа што немало доволно пакетичиња за сите деца, а со тоа да избегнат турканиците и да се почитуваат мерките против ковид-19.

– Едвај дали 20 пакетчиња дали беа поделени, а имаше повеќе дечиња кои на крајот беа расплакани затоа што не добија пакетче од Дедо Мраз – се вели во еден од коментарите.

Портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска истакна дека и оваа година се потрудиле да им приредат добра забава на најмалите со почитување на протоклите. Со тоа што на децата им овозможиле да гледаат мини претстава со јунаците на Дизни, да добијаат бесплатни подароци, како и да го поздрават Дедо Мраз кој пристигна на „волшебно вовче“ .

– Дечињата се многу среќни бидејќи дојдоа да се дружат со Дедо мраз, но сега на дистанца, за жал такви се околностите оваа година. Се надевам дека следната година ќе се дружиме онака како што треба за сите дечиња, денеска има бесплатни подароци од пријателите на Зоолошката градина и мислам дека тоа е она што најмногу ги израдува дечињата – изјави Мицковска.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...