9.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаЕстрадаНа Ирена Спасовска и недостасува шеикот од Дубаи или смутито?!

На Ирена Спасовска и недостасува шеикот од Дубаи или смутито?!

spot_img

Во овој период од една година и нешто повеќе, естрадата е паркирана во лер, принудно ставена во мирување заради коронапандемијата, но тоа не значи дека естрадните ѕвезди буквално само мируваат. Особено оние од понежниот пол. Колку повеќе трае „изведувачкиот пост“, естрадните дами толку се поактивни на социјалните мрежи. И тоа во разни варијанти. Од рекламно – инфлуенсерски фотографии, до најобични секојдневни работи и активности што ги правата во изнуденото изобилство на слободно време.

<

Меѓу поактивните е и фолк пејачката Ирена Спасовска, која е се’ поприсутна на социјалните мрежи, или што би рекле „кисне“ на на Фејссбук и Инстаграм. Се разбира со своите новосподелени фотографии. Од оние на кои рекламира разно-разни производи и услуги, преку разголените фотографии кои од неа веќе и не се изненадување, па се до секојдневието или носталгично присетување на нејзините патувања на егзотични дестинации, пред да се појави чумата на 21-вот век – короната и „новото нормално“.

 

Уште кон крајот на минатат година Ирена јавно се пожали дека нејзе најмногу и фали авантура, патување со авион, па дури и „пафтањето“ на стујардесите со рацете.

„Ако некогаш некој не прими да му долетаме, ветувам дека со внимание ќе го следам делот на стујардесите кога „пафтаат“ со рацете и ќе го ценам секој момент поминат во авион. И две кафиња ќе купам и парфем и што пие авион… Само да полетаме веќе некаде, ова веќе не се издржува“ – напиша тогаш Ирена објавуваќи фотографија од 2018 година пред да полета на зацртаната дестинација.

Арно ама, наместо на подобро, очигледно работите со коронапандемијата тргнаа на полошо, па уште повеќе сите нас, па и неа, не „заковаа“ дома, што Ирена особено тешко го поднесува. Затоа фолкерката очигледно листајќи ги старите спомени преку сподеклените фотографии, налета на оние накои со најголема страст се сеќава.

Арапскиот свет, Доха во Катар, преубавиот провод, прекрасно минати денови и ноќи (белким?) во шеиковиот „вилает“, наречен „молот на шикот“ со вештачко небо, канали, гондоли… Луксуз, раскош, убавина… Уживање во животот и сопствената слобода со полни гради, користејќи го секој слободен миг за одмор, релаксација, авантура… Моменти на кои фолкерката не можеше носталгично да не се присети.

Очигледно на Ирена и недостасува шеикот и сето она што тој го поседува и нуди како можност за провод и авантура, па затоа и фолкерката се присети на својата посета, повторно посака да му се прошета низ вилаетот и вети дека наскоро се гледаат…

Со шеикот или со „молот на шикот“, пејачката детално не прецизираше. Освен тоа дека одново ќе седнат на по едно Смути, за шеикот да не и се лути!

 

Затоа таква е и нејзината девиза, во првата прилика, да направи реприза!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/spasovska.irena

вистина.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...