14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонија''Село гори баба се чешла''- Филипче и Заев си се возат на...

”Село гори баба се чешла”- Филипче и Заев си се возат на мотори и се релаксираат

Oва е новото Дубаи, oва е новото Мексико! Државата гори од епидемија и од погреби, а Венко Филипче и Зоран Заев си се возат на своите мотори, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Ова се Зоран Заев и Венко Филипче, коишто денеска низ Македонија се возат со нивните скапи мотори. Режимот продолжува со одмор и релаксација додека Македонија погребува свои граѓани. Секојдневно над 30 граѓани се жртви на епидемијата и на негрижата на Режимот. Секојдневно има над 1400 новозаразени од Ковид-19. Ама Заев и Филипче мува не ги лази и си уживаат во своите крстосувања со скапите мотори од по 30 и кусур илјади евра. Граѓаните очекуваат целосна заложба околу справувањето со епидемијата, додека очекуваат решавање на нивните проблеми, а Заев и Филипче без трошка срам си уживаат во убавото пролетно време. Ова е нивната релаксација – реагира Стоилковски.

Тој додава дека наместо Филипче и Заев да ги гледаме по фармацевските компании, како бараат вакцина повеќе, Филипче кажува дека сè е под контрола и можеби ќе сме имале поголем бран следнава недела.

И се качи на моторот заедно со неговиот шеф Заев да се возикаат низ Македонија. Луѓе умираат барајќи кислород, болниците се преполни, но тоа Филипче не го интересира. Филипче и Заев ги интересира угоден живот, ги интересираат големи провизии, а граѓаните кој како ќе се снајде. Некои во Србија, некои со надеж дека ќе се спасaт, ама Зaев и Филипче тоа не ги интересира. Срамното, бедното и нечовечкото однесување на режимот продолжува – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...