19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаУченикот Џастин Мемедов ја доби наградата за најдобар средношколец Ром

Ученикот Џастин Мемедов ја доби наградата за најдобар средношколец Ром

По повод Меѓународниот ден на Ромите , 8 Април, во Делчево доделени се наградите на најдобрите ученици Роми во Делчево за учебната 2020/21, а за најдобар средношколец Ром во Делчево е прогласен Џастин Мемедов, ученик во 4-3 клас гимназиско образование, во Средното општинско училиште „М.М Брицо“ со просек 4,73 и примерно поведение, Јавува Delcevo365.mk

За најдобри ученици Роми во основното образование, се прогласени Јасин Мемедов, ученик во 9 одделение во деветолетката „Ванчо Прке“ и Селина Бекирова ученичка во 6 одделение во деветолетката „Св.Климент Охридски“ .

Доделувајки им ги наградите, градоначалникот Трајковски им го честиташе празникот и успесите во образовниот процес и истакна дека овие парични награди на најдобрите ученици Роми во Делчево се традиционални и претставуваат мотивација на учениците да постигнуваат подобри резултати во образованието.

-Ценејќи дека соодветното образование е една од алките кои дава можност за конкурентност на пазарот на трудот и основа за понатамошен индивидуален професионален развој и со цел мотивација за постигнување подобри резултати во образованието кај ромската заедница, традиционално по повод Меѓународниот ден на Ромите, Општина Делчево ги наградува одличните ученици Роми во образовните институции. Верувам дека со успеси во образованието и натпревар во знаења може да се оствари посакуваната цел во животот , рече Трајковски.

По повод празникот Трајковски упати честитки и до ромската заедница од Делчево.

-Општина Делчево посветено работи за социјална кохезија, решавање на инфраструктурните проблеми во населбите каде што претежно живеат Роми, но и за инклузија на ромското население во сите сфери од општественото живеење, додаде Трајковски.

Наградените ученици од Општина Делчево добија парична награда која за средно образование изнесува 10.000 денари, додека за основното образование 5.000 денари.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...