20.3 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПлемето Куикуро поспособни од Македонија: Сами си собрале пари за вакцини и...

Племето Куикуро поспособни од Македонија: Сами си собрале пари за вакцини и медицински материјали..

Племето Куикуро се чекор пред сите. Тие наместо да чекаат помош од владата, самите собраа средства за медицински материјали, заклучија села и го искористија искуството со епидемијата на сипаници за рано да се борат против пандемијата пишува СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Домородните заедници се сметаат за приоритет во програмата за вакцинација против ковид-19 во Бразил. Но, ова бразилско племе не чека никого.

Според официјалните податоци, повеќе од 45.000 случаи и 620 смртни случаи биле регистрирани меѓу половина милион луѓе од домородните територии на Бразил. Националното здружение на домородните жители ги прогласи овие статистички податоци за вонредна состојба и тврди дека вистинскиот број на смртни случаи е уште поголем. Но, меѓу околу 900 членови на народот Куикуро, кои живеат во осум села преку сливот на реката Горна Шинг, нема смртни случаи и само 160 инфекции. Сите се вакцинирани, пишува Би-Би-Си.

Нивниот успех во борбата против ковид се разликува од остатокот на Бразил, каде починаа повеќе од 295 000 луѓе, а претседателот Жаир Болсонаро се противи на заклучување, ги отфрла вакцините и промовира недокажани методи на лекување.

Лидерот на заедницата, Јанама Куикуро, за новинарот на Би-Би-Си, Пабло Учои, изјави како се бореле со вирусот:

– Жеивеам во главното село Ипатисе – во него има 390 луѓе, вклучително и деца. Минатата година, ја видов веста за зголемување на бројот на случаи со ковид во Бразил. Зборував со мојот брат и поглаварот на селото Ипатисе, Афукак Куикура, кои исто така ги следеа вестите.

Страдаа многу луѓе и ние бевме свесни за опасноста. И затоа нашата заедница се собра неколку пати пред да дојде вирусот до нас, за да можеме да размислиме заедно: како можеме да се справиме со овој нов вирус? Кој може да ни помогне?

Кога бев дете, татко ми мѝ зборуваше за епидемијата на вариола, која уби многу луѓе овде, во сливот на реката Горна Шинг. Многу луѓе загинаа: Калапало, Камајурас. И така, кога слушнавме за овој нов вирус, нашите старешини веднаш се сетија на тоа.

Мислевме дека мора да се организираме, мора да се заклучиме. Да баравме помош од владата, немаше да пристигне брзо.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...