20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаСветЉупчо Нешков: Ќе жалите за Борисов, Захариева и Каракачанов

Љупчо Нешков: Ќе жалите за Борисов, Захариева и Каракачанов

Љупчо Нешков, сопственикот на бугарската новинска агенција БГНЕС, во своето гостување во емисијата „Трилинг“ праша зошто во Македонија сметаат дека односите меѓу Скопје и Софија зависат од некои избори.

„Прво зависеа од изборите во Македонија, па се запре работата на Комисијата и општо сите разговори беа прекинати. Сега се чека на овие избори во Бугарија во услови кога може нема да има влада. Што треба Македонија да чека нови парламентарни или претседателски избори во Бугарија?“, праша Нешков.

Исто така, тој смета дека земјава загубила две златни години, за кои сме можеле да решиме многу прашања и да отвориме една голема перспектива.

„Сепак тоа се случува кога имате работа со неискрени патриоти. Во Софија никој не се интересира за јазикот и идентитетот на Македонците. Бугарија сака да се исполни Договорот од 2017 година. Во Скопје сите тие патриоти многу ќе жалат за Борисов, Захариева и Каракачанов“, вели Нешков.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...