1.9 C
Ohrid
недела, јануари 26, 2025
ПочетнаМакедонијаПо повод празникот „Едерлези“ за првпат во Берово се одржаа натпревар за...

По повод празникот „Едерлези“ за првпат во Берово се одржаа натпревар за влечење трупци со коњи..

spot_img

По повод денешниот празник Ѓурѓовден или познат кај Ромите како „Едерлези“, денес во Берово се одржа натпревар во влечење трупци со коњи.Организаторите информираа дека овој настан се одржува по прв пат и се надеваат дека во иднина ќе биде традиционален.Освен учесници од Берово, на натперварот со коњи имаше и гости од Штип, а вкупно се напреваруваа 13 коњи, пишува maleshnet.

<

-Вакви настани со коњи има во Струмица,Радовиш,Кичево и други градови во Македонија, па и кај нас еве втора година го правиме.Денешниот ден е значаен за нас, бидејќи на нас Ромите ни е празник и во чест на тој празник организираме ваков натпревар со коњи.Целта на ова случување пред се дружба и забава, како и одбелжување на празникот на Ромите Едерлези – рече Демчо Демировски.

Денешниот натпревар со коњи, побуди интерес и кај граѓаните, кои љубопитно го следеа и уживаа во случувањето.

Инаку ова натпреварување со коњи е наречено Штрапаљада кое особено е познато во соседните земји Србија,Босна,Црна Гора а неизостанува ниту нашата дрќава, каде во повеќе градови се одржуваат вакви настани.

На денешниот натпревар на коњи, имаше и парични награди каде првото и второто место ги освоија претставниците од Штип а третото место му припадна на натпреварувачот од Берово.

Извор: maleshnet.mk За повеќе фотографии клик тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија го заврши Светското првенство на 15. место

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. Место на СП 2025 што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, откако нашите ракометари со вечерашниот пораз...

Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс...

Данела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика МВР да ја уапси, како што вели таа, банкадата која пали диви депонии, откако биле претепани...

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...