16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаГеоргиески: Српските туристи ова лето ќе бидат ослободени од плаќање паркинг во...

Георгиески: Српските туристи ова лето ќе бидат ослободени од плаќање паркинг во Охрид

Белград, 10. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Сите српски туристи во Охрид ова лето ќе бидат ослободени од плаќање паркинг, а ваква одлука ќе биде донесена на следната седница на совет, најави од Белград градоначалникот Константин Георгиески, при примопредавањето на фрагментот од оградата на српското Собрание на актуелниот претседател Ивица Дачиќ.

Оградата од ковано железо што ја красеше вилата „Билјана“ му е вратена на српското Собрание. Станува збор за зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид.

Дачиќ напомена дека со овој гест ќе посветат внимание на оваа зграда и ќе одбележат 85 години од почетокот со работа и одржување на првата седница на српското Собрание.

Градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиевски свечено ќе му го предаде фрагментот од оградата на српското собрание на актуелниот претседател Ивица Дачиќ

– Јас им се заблагодарувам на министерот Бујар Османи, на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески и на Амбасадата, што така бргу реагираа. Во последно време имавме низа чекори кои севкупно сочинуваат една коцка во мозаикот кои ја покажуваат вистинската слика како нашите односи треба да бидат братски и пријателски и би сакал така да останат и понатаму, изјави Дачиќ.

Градоначалникот Георгиевски, изјави дека примопредавањето на дел од оградата е знак на пријателство меѓу двата народа и ги покани граѓаните на Србија да го посетат Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...