16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаБектеши: Ако сакате да пиете кафе по кафичите, вакцинирајте се...

Бектеши: Ако сакате да пиете кафе по кафичите, вакцинирајте се…

Крешник Бектеши, министерот за Економија, ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

Тој потенцира дека како Влада се обврзани да ги поттикнат сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да не бидат доведени во ситуација да воведат порестриктивни мерки..

-Ако сме доведени во ситуација да воведеме целосен „локдаун“ на одреден сектор, ние, како и претходно, ќе донесеме економски мерки за целосно затворање на одредени сектори, рече Бектеши.

 

 

Тој појасни дека мерките донесени од Владата, не се за целосно затворање на угостителски објекти туку само за тие кои работат внатре..

Тие нема да смеат да работат. За оние кои работат на отворено, со капацитет над 30 гости, секој кој ќе сака да влезе треба на редарските служби да им покаже сертификат дека е вакциниран.

 

 

-Објектите кои се со капацитет под 30 гости, не се обврзани да имаат редарски служби, вели министерот за економија.

Тој потенцира дека Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на сите угостителски објекти дали мерката се почитува или не.

 

 

-Од 16 август, во внатрешните простории не може да влезат гост. Надвор, на терасите, треба да се почитуваат протоколите и плус сега со дополнувањето да се има потврда за вакцинација.

 

 

Од 16 август нема да има свадби и прослави во затворен простор. На отворено, како што се бара потврда за вакцинација во угостителските објекти, така ќе се бара и за тие кои организираат свадби и прослави

 

 

гостите да покажат потврда дека се вакцинирани, изјави Бектеши, дополнувајќи дека остануваат претходно донесените протоколи за угостителските објекти, сега дополнително со новата мерка.

 

 

-Ако сакате да пиете кафе, вакцинирајте се, порача Бектеши.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...