10.6 C
Ohrid
недела, март 23, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ: Фаворити и победници сме на претстојните локални избори, затоа што ја...

СДСМ: Фаворити и победници сме на претстојните локални избори, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда

spot_img

СДСМ е фаворит и победник на претстојните локални избори. Не само затоа што тоа го покажуваат сите релевантни анкети, туку затоа што СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина.

<

Ова се нагласува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ кое го пренесуваме во целост:

Во понудата за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски, СДСМ е убедлив фаворит и победник на изборите

Вчерашното претставување на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажа две работи.

Прво, СДСМ е убедлив фаворит, победник на локалните избори и второ, Христијан Мицкоски знае дека ги губи изборите и ова е понуда од немај каде.

Едвај нашол кандидати што ќе претрпат пораз, па затоа мнозинството од кандидатите се непознати.

Огромен дел од нив се од времето на Груевски кои или биле кандидати за советници или имале државни функции на локално или централно ниво.

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема свој кандидат за градоначалник на Град Скопје, додека во Општина Центар поддржува кандидатка на мал коалиционен партнер. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во главниот град има мала доверба од граѓаните.

Повеќе од јасно е дека ниту самиот Мицкоски не верува во оваа понуда, па затоа побегна од јавноста и објавувањето на кандидатите, му го препушти на Александар Николоски, аѓутант на Груевски.

Во многу општини се поставени кандидати со многу помала поддршка од граѓаните, наместо личностите со највисок рејтинг меѓу нивните кандидати.

Прашање е дали тие не сакаат или Мицкоски си поставува свои пријатели и послушници за кандидати за градоначалници.СДСМ е фаворит и победник на претстојните локални избори. Не само затоа што тоа го покажуваат сите релевантни анкети, туку затоа што СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина.

На 17 октомври Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов пораз од граѓаните, кои ќе потврдат дека напредокот е можен единствено со СДСМ кој ја носи најдобрата понуда за секоја општина, најдобрата понуда за државата.Центар за односи со јавноста на СДСМ

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општина Охрид ќе додели финансиска помош за семејствата на жртвите во Кочани

Општина Охрид на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за...

Трошоците за лекувањето на повредените во дискотеката ПУЛС, се покриени од државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција, на која ги информираше медиумите за активностите и мерките што Министерството ги...

Отец Димитар во поткастот на Лазаров откри како ги смири немирите во Кочани.

Отецот Димитар во разговор во поткастот на Лазаров откри што се случувало тој ден во Кочани, а исто така посочи дека се надева дека...

Почина внуката на Јосип Броз Тито: Остана запаметена по нејзините ставови за Македонија

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито Во Белград, на 70-годишна возраст, почина Светлана Броз, внука на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито. Светлана...