19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаСеверна Македонија и Турција ќе потпишат петгодишен договор за воено-финансиска соработка

Северна Македонија и Турција ќе потпишат петгодишен договор за воено-финансиска соработка

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска е во еднодневна посета на Република Турција каде ќе има средба со министерот за национална одбрана Хулуси Акар на која во име на владите на двете земји ќе потпишат петгодишен Договор за воено-финансиска соработка.

Договорот, како што посочуваат од Министерството за одбрана, предвидува годишна алокација на финансиски средства од Турција за Северна Македонија, кои ќе се користат за зајакнување на борбените капацитети, набавка на артилериска опрема и модернизација на Армијата.

На средбата ќе стане збор и за идните планови за соработка во одбраната, едукација, обуки и вежби согласно Договорот за билатерална соработка за 2021 година.

Шекеринска ќе присуствува и на отворањето на Меѓународниот саем на одбранбена индустрија IDEF 21 кој се одржува во Истанбул од 17 до 20 август.

– Присуството на саемот IDEF 21 на делегацијата од Северна Македонија предводена од министерката Шекеринска е со цел да се согледаат можностите за набавка на нова опрема во функција на модернизацијата на нашата Армија за што годинава се наменети 25 проценти од буџетот во одбраната, наведуваат од Министерството.

Саемот на одбранбена индустрија на Турција, додаваат, е меѓу водечките во светот каде се претставуваат највисоките технолошки достигнувања во воената опрема. Се очекува на Саемот да учествуваат околу илјада домашни и странски компании и 400 делегации.

MИА

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...