11.9 C
Ohrid
сабота, февруари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаД-р Баловски: Ламбда сојот е тројна мутација, треба да бидеме подготвени и...

Д-р Баловски: Ламбда сојот е тројна мутација, треба да бидеме подготвени и за него…

spot_img

Пулмологот Марјан Баловски од ГОБ „8 Септември“ во вестите на ТВ 24 ги повика граѓаните кои првично сметаат дека имаат симптоми на алергија да се изолираат поради можноста да се преносители на Ковид-19.

<

Луѓе кои мислат дека имаат алергија или настинка да се изолираат. Наводно тоа може да се смета дека е лесна настинка или алергија, но може да заразат дури седум други од вирусот, рече Баловски.

Тој како пулмолог рече дека е неблагодарно да прогнозира кога ќе биде пикот на четвртиот бран, но додаде дека треба да се подготвиме за ламбда сојот кој се очекува да го има и во земјата.

Се работи за тројна мутација. Постои, кај и да е ќе дојде кај нас. Секој да даде личен допринос и едноставно да ги почитува правилата за да спречиме несакано губење на животи, истакна докторот.

Додаде дека со Ковид-19 нема правила и дека белите дробови се прва мета така што настанува веднаш уништување на оние клетки кои прават размена на кислородот.
Извор: Инфомакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...