1.9 C
Ohrid
вторник, март 18, 2025
ПочетнаМакедонијаДраматичен развој на пандемијата во Тетово, надлежните смируваа но вирусот не запира

Драматичен развој на пандемијата во Тетово, надлежните смируваа но вирусот не запира

spot_img

За само една недела, во Тетово починаа 46 лица – црните статистики се обесхрабрувачки а корона вирусот не запира. Непочитувањето на мерките и слабиот одзив за вакцинација земаа данок. Само изминатово деноноќие починаа пет лица, а меѓу нив и една 39годишна жена.

<

-Жената имала историја на ендокринолошка состојба, конкретноза тироидната жлезда,а нејзината претходна здравствена состојба била целосно контролирана и била без никакви проблеми, потенцираше д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово.

Координаторот на Ковид центарот во Тетово вели, има место во болницата, но најголем број од болничките кревети се ослободуваат на сметка на починатите.

-Се примаат нови, место има на сметка што се отпуштаат, односно тие кои се оздравени, но за жал болничките местата се ослободуваат на сметка на починатите што е многу трагично. Не можам да кажам дека бројот се намалува, ако кажам за кривата тогаш може да се рече дека е во права линија, но ништо не се знае со вирусот може и да продолжи нагоре и недај боже надолу. Еве денеска имаме 123 хоспитализирани и 175 амбулантски прегледи, значи се уште е ризична состојбата.. Имавме 5 починати изминативе 24 часа како што кажав и сите тие биле невакцинирани, како и над 95 % од претходните починати. Значи вакцината пак ќе кажам е важен момент, дека и над 90 % од хоспитализирани се невакцинирани, рече д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид цетнар при Клиничката болница Тетово.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче, меѓу жртвите во Кочани

Во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во кочани загина и младата инспекторка Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче. Моника е, за жал, една...

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата.

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беше испратен уште...

За неколку часа над 120 Бугари даруваа крв во болницата Пирогов за настраданите од трагедијата во Кочани

Само во првите два часа повеќе од 120 луѓе дарувале крв за настраданите во трагедијата во градот Кочани, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. До крајот на...

Се бара слобода за обезбедувачите на дискотеката во Кочани, осомничени оти пуштиле малолетници

Група кочанчани, меѓу кои и лица кои се спасиле, а биле во дискотеката која одзеде 59 животи, бараат слобода за обезбедувачите. Тие и вчера...