22.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаПациентката која избега низ прозор од Инфективно отишла да си купи бурек...

Пациентката која избега низ прозор од Инфективно отишла да си купи бурек !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Главниот инфектолог во гостиварската болница, доктор Ратко Наумовски, “за  Слободен Печат објаснува што точно се случило со пациентката која беше снимена со камера како преку прозорец ја напушта собата за изолација каде што требало да биде сместена додека се лекувала од ковид во ова болничко одделение. Според него, таа не избегала од болницата, туку постојано лекарите мака мачеле да ја смират за да остане во собата.

<

Пациентката не избега, туку си излегуваше од прозорецот постојано. Порано имавме решетки, сега нема решетки откако го реновиравме инфективното одделение. Вчера ја испишав од болницата бидејќи видов на Фејсбук дека ја снимил некој како излегува од болницата. Не можам да седам и да ја вардам, ниту сестрите можат ниту ние лекарите. Излегуваше низ ходник. Ако ја потсетев, пак ќе влезеше в соба, после пет минути кога не сум тука, пак излегуваше. Ковид позитивна беше. Нејзиното лекување заврши и јас ја испишав од болницата. Не правиме веќе тестови дали е позитивна или негативна. Откако ја испишав од болницата, во бурекџилница во град влегла. Не можеме да гледаме кај одат пациентите. Им кажуваме дека кога ќе го напуштат инфективното одделение уште една недела да бидат дома. Не можеме да ги излечиме сто процентно за време на лекувањето на инфективна. Ако лекуваме така, по два месеци ќе ги држиме пациентите во болница. Имаше добра сатурација во текот на неколку последователни денови и откако видов дека ја снимиле на Фејсбук ја испишав лично, зашто не можевме да ја вардиме. Излегуваше преку прозорец, на тревникот. Со неа во соба беа две потешки пациентки вклучени на кислород. Еден ден ја најдов како ја исчистила тревата надвор. Не избегала од болница, туку само се шеташе во болницата, така му кажав и на инспекторот од полицијата кога дојде да праша, ни изјави доктор Наумоски.

Извор Слободен Печат

За повеќе детали,Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...

Седум години Северни- Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа !!!

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и...

Патничко комбе излета во Охридското Езеро кај селото Подмоље.

Утринава на стариот пат од селото Подмоље кон Охрид, во близина на болницата „Свети Еразмо“, патничко комбе излетало од коловозот и завршило во Охридското...