19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаФИЛИПЧЕ: Имавме состанок со претставници на Фајзер, сè оди во насока дека...

ФИЛИПЧЕ: Имавме состанок со претставници на Фајзер, сè оди во насока дека трета доза

Никој во светот не кажал дека вакцината целосно штити од заразување, туку дека штити од тешка форма на болеста и 20 пати го намалува ризикот од смртен исход од коронавирусот. Така е секаде во светот.

Ова го одговори министерот за здравство Венко Филипче, на новинарското прашање како излезе дека има смртни случаи и кај вакцинираните лица, и покрај уверувањето од здравствените власти дека вакцините штитат од тешка форма на болеста и од смрт.

„Секаде во светот и во регионот болниците се полни со невакцинирани пациенти. Тие се околу 80 отсто од заболените. Не знаеме како ќе се движи пандемијата, само вакцинацијата е таа што ќе го врати животот во нормала. Во вакцините не треба да има сомнеж, сите вакцини се безбедни. Таа е единствениот процес кој ќе го спаси светот од оваа пандемија“, рече Филипче.

Но, како што вели, во земјава се уште има невакцинирани граѓани.

Тој нагласи дека во земјава во моментов има 300 илјади вакцини, 110 илјади на АстраЗенека, 110 илјади на Фајзер и 100 илјади на Синовак. Објасни и дека секоја недела во земјава пристигнуваат од 30 до 40 илјади вакцини на Фајзер.

„Имавме состанок со нив, со претставници на таа компанија. Сите испитувања одат во насока дека трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираме“, рече министерот за здравство.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...