20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаОткако двајцата полицајци се посрамотија на граница, Обвинителството ќе истражува кој ја...

Откако двајцата полицајци се посрамотија на граница, Обвинителството ќе истражува кој ја оставил дрогата во возилото во 2016 година.

Двајцата инспектори од одделот за компјутерски криминал од МВР кои беа фатени со стара марихуана пикната во бункер во 2016 година во колата на албанско-црногорската граница, немаат никаква вина, но истражните органи ќе испитуваат кој ја оставил марихуаната во возилото и што сакал да прави со неа.

При вршење на кривично дело се одземаат сите предмети и возила, па оттаму за полицијата е несфатливо кога запленувале цариниците во 2016 година, зошто не ја испразниле целата заплена од возилото.

Случајот, велат во МВР, е даден на Јавното обвинителство.

„Во текот на вчерашниот ден, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР се упатиле на обука во Црна Гора, и за патување до таму задолжиле службено возило од авто-паркот на МВР, кое МВР го користи откако е добиено од Агенцијата за управување со одземен имот. Ова возило било запленето од страна на Царинската управа во акција за сузбивање на трговија со дрога во 2016-та година. Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата. Но, вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата, туку таа била сокриена во автомобилот, односно останала од 2016-та година…
Сдк.Мк

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...