18.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов ветува: Бесплатен јавен градски превоз секој ден од неделата за пензионерите

Шилегов ветува: Бесплатен јавен градски превоз секој ден од неделата за пензионерите

Бесплатен јавен градски превоз секој ден од неделата за пензионерите, за лицата со ретки болести и за нивната придружба, како и за сите постдипломци и докторанти кои студираат во Скопје, вети на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој се бори за втор мандат на претстојните локални избори како кандидат на коалицијата предводена од владејачката СДСМ.

Овозможуваме бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот. Лицата со ретки болести кои живеат во Скопје ќе можат, исто така, бесплатно да го користат јавниот градски превоз. Трошоците за хроничната терапија која ја примаат ги олеснуваме преку финансиско ослободување за јавниот превоз, за нив и нивната придружба при користење на превозот, наведе Шилегов.

Градоначалникот додаде дека на сите постдипломци и докторанти кои студираат во Скопје ќе им биде овозможен бесплатен превоз во градските автобуси. – Учениците од државните основни училишта во градот ќе добиваат до 50 проценти поевтин оброк за време на престојот во училиште.

– Ќе доделуваме 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите средношколци од средните училишта на Град Скопје, кои ќе се запишат на некој од државните универзитети, а за секој средношколец од државните училишта, обезбедуваме бесплатно овошје за време на училишниот престој. Го субвенционираме згрижувањето на децата во државните градинки преку покривање на максимум 50 отсто од месечниот трошок, рече Шилегов.

Тој истакна дека за остварување на желбата за потомство, ќе го помагаат процесот на биомедицинско потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на двојките. Го дополнуваме семејниот буџет, додаде Шилегов, за дополнителните трошоци што не се признаени со основните поволности на Фондот за здравствено осигурување или во дополнителен обид, кој не е покриен од Фондот.

– Скопје е град на солидарноста и како таков мора да се грижи за сите, а парите на граѓаните да ги враќа онаму каде се најпотребни. Преку овој пакет мерки Градот вложува во квалитетот на живот. Градот е еднаков за сите граѓани, транспарентен и солидарен град, град на успешен соживот, потенцираше Шилегов.

На новинарско прашање околу ветувањето на неговата противкандидатка Данела Арсовска за бесплатен јавен градски превоз за сите, Шилегов нагласи дека е изненаден за некој којшто себе си се претставува како добар менаџер така напамет да дава ветување.

– Трошоците на јавниот транспорт во градот Скопје изнесуваат околу 30 милиони евра годишно. Основниот Буџет на Град Скопје е 80 милиони евра годишно. Ако Градот земе буџетски да го финансира целокупниот јавен превоз, тогаш со што ќе се финансираат останатите активности на Градот. Некој што себе си се претставува како менаџер треба да има барем основни знаења и познавања за овие категории и потоа да дава ветувања којшто се очигледно лажни и очигледно популистички, рече Шилегов.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...