13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев од Делчево: Од 1 јануари, пензиите ќе растат

Заев од Делчево: Од 1 јануари, пензиите ќе растат

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од Делчево соопшти дека е донесена одлука за измена на методологијата за пресметка на пензиите, според која пензиите ќе растат не само според растот на цените на мало, туку и со растот на просечната плата.

Сакам да објавам дека од 1 јануари пензиите ќе растат согласно растот на цените на мало и согласно растот на просечните плати, односно секој 1 јануари и секој 1 јули ќе имаме видлив пораст раст на пензиите, истакна Заев. Тој нагласи дека досега пензиите растеа само согласно растот на цените на мало. Секаде во Европа, во државите кои направиле економска сигурност на својот пензиски фонд и на својот буџет е вграден и вториот механизам, а тоа е порастот на просечните плати, рече Заев.

Тој додаде дека кај нас просечните плати кај нас растеа 10 пати повеќе во проценти од растот на цените на мало. Тоа ќе значи и видлив пораст на пензиите, рече Заев. Ние градиме фер општество да им помогнеме на највозрасните граѓани на земјата, затоа што тие им помагаат на своите деца и внуци, парите ги трошат, а овие пари ќе бидат благодет за развој на севкупната економија во земјата, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, од Делчево.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...