16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЈоханес Хан обвинет за Корупција: Креатор на Договорот од Пржино, заговорник на...

Јоханес Хан обвинет за Корупција: Креатор на Договорот од Пржино, заговорник на „балкански начин“ да се смени Уставот за промена на името !!!

 

Секој што ќе го слушне името на Јоханес Хан, прво што му доаѓа на памет е Договорот од Пржино според кој тогашната опозиција на чело со СДСМ без избори дојде на власт. Хан беше како домаќин во вилата на ЕУ на улицата Зеленгора во населбата Пржино.Таму му доаѓаа Зоран Заев, Никола Груевски, албанските лидери, тогашниот амбасадор на САД Џес Бејли..

Хан даваше изјави и во четири изутрина како тој договор е важен за земјата и оти треба да и се даде на опозицијата да влезе во владата, за како што велеше да има кредибили избори.

Договорот се потпиша а на изборите Хан нескриено навиваше и лобираше за СДСМ кој иако не победи на изборите направи влада со ДУИ.

 

 

Европскиот комесар Јоханес Хан обвинет за корупција..Францускиот весник„Либерасион“ обвинува дека Еврокомесарот дозволил странски лобисти да го носат на скапи вечери и на ловечки излети без да го пријави тоа во телата за транспарентност на унијата…

Според венсикот, Хан, кој е комесар за буџет и администрација, бил дел од ловечка забава во декември 2015 -та, која ја платило белгиското лоби на сопственици на земјиште а во јуни оваа година тој трипати се сретнал со австриската претставничка во Комисијата на ревизори, Хелга Бергер, која потоа сметките од вечерата ги проследила за наплата до ревизорската комисија…

Весникот „Либерасион“ пренесува и дека агенцијата на ЕУ за борба против измами, ОЛАФ, отворила прелиминарна истрага против Хан за овие обвинувања но таа веднаш била откажана под притисок на Комисијата и одредени земји-членки…

Од кабинетот на Хан велат дека наведените средби биле дел од редовната размена што тој ја имал со претставници на институции а дел пак биле приватни состаноци…

– Јоханес Хан не морал да го вклучи учеството во ловот во регистарот за транспарентност на Комисијата бидејќи бил само придружник на друго лице. Вечерите беа приватни и немаа никаква врска со дискусијата и спроведувањето на политиките на ЕУ. – изјави за Француските медиуми, портпаролот на еврокомесарот.

Хан е дел од австриската Народна партија, каде неколку членови се соочуваат со обвиненија за корупција. Поранешниот австриски канцелар и претседател на партијата, Себастијан Курц, беше принуден да поднесе оставка на функцијата откако се појавија информации дека со државни пари нарачувал анкети. Оставка најави и Александар Шаленберг, кој беше именуван за негов наследник.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...