26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаЕстрадаЕлена Велевска се расплака на телевизија: Бев исфрлена на улица, го чекам...

Елена Велевска се расплака на телевизија: Бев исфрлена на улица, го чекам денот кога ќе ми се вратат децата (ФОТО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

 

<

Македонската пејачка Елена Велевска гостуваше во „Бекстејџ“ при што  ја раскажа вистината за старателство то над децата од страна на поранешниот сопруг со кој тие живеат сега во Охрид, а таа не живее со нив. Велевска раскажа дека била исфрлена на улица и почнала од почеток.

Рече дека најголемата поука ја извлекла од тоа што сакала да се насочи кон нејзината работам тоест кон она што таа е најдобра и сега живее во Скопје каде што работи на нов проект и на нови песни кои се староградски.

Исто така најави дует со нејзината ќеркика Софија, со која имаат отпеано една прекрасна македонска песна, и рече дека нема да открива што ќе има на идните проекти додека не дојде време.

– Оној којшто е добар и хуман човек ќе остане и ќе биде таков, во случајов јас, ќе бидам пример и хумана жена, за моите деца, за луѓето за коишто им треба помош, и нема никого да исфрлам на улица како што бев јас исфрлена во градот во којшто стекнував се, и направив 12 години.

Не ми е верувајте тешко да почнам од почеток, бидејќи ми е најважно достоинството, луѓето коишто ме опкружуваат, коишто не гледаат од интерес од мене, и коишто ми помогнаа кога ми беше најтешко да станам на нозе и да бидам силна жена, да се борам, а во иднина и да останам пример за јавна личност.

Многу ми е мило што имам три паметни деца, три златни деца коишто верувајте и тоа како имаат кариера и талент на мама.

Мене не ми е битно дека старателството или листот ми го зел нас и-лникот на кој му треба архива од хартии, мене не ми требаат лисја, верувајте ми.

Мене ми треба топлина, јас ја имам мајчината љубов безрезервна и со ништо не може ниту еден човек да ме уценува и да ме држи онаму каде што не припаѓам.

Се знае каде припаѓаат децата, тие се секогаш во моето срце полно со љубов и топлина, и го чекам денот кога ќе ми бидат вратени кај мене“, изјави Велевска.

Потоа со грутка во грлото и со солзи во очите и рече на новинарката дека децата многу ѝ недостаигаат, но не би сакала да се врати кај поранешниот сопруг, затоа што ѝ многу поубаво да живее во мир.

Потоа се расплака, не можеше да продолжи и рече: Може малку пауза?


На крајот рече дека за ништо не се кае и се заблагодари на медиумите за целата поддршка што и ја давале и се надева дека 2022 година за неа и за сите ќе биде многу подобра и посреќна.


Извор:Галама
за повеќе деталиТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...