17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаНови камери за полицијата во Македонија, вредни 1.061.000 американски долари

Нови камери за полицијата во Македонија, вредни 1.061.000 американски долари

Денес во просториите на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај во Петровец, а на моја особена чест, заедно со г. Ерик Мејер, вршител на работите во Амбасадата на САД во РСМ, и г. Карл Рејшам, полициско аташе за ИЦИТАП Програмата при Одделот за правда на САД, го заокруживме проектот ,,Мобилен систем за снимање со камери”, кои ќе ги користат полициските службеници што вршат контрола и регулирање на сообраќајот, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи.

Дозволете ми во оваа прилика уште еднаш во свое и во име на МВР да им се заблагодарам на нашите докажани пријатели Владата на САД и амбасадата на САД во РСМ за нивното конзистентно и цврсто партнерство во реформирањето и развојот на македонската полиција како еден од клучните сегменти во унапредувањето на националната, но и регионалната и глобална безбедност, вели Спасoвдки.

Донацијата е вредна 1.061.000 американски долари, а е за целосно опремување со вкупно 593 камери на сите Сектори за внатрешни работи, односно на Единиците за безбедност на сообраќајот и Одделот за гранични работи – проект на ИЦИТАП програмата на Одделот за правда на Владата на нашите пријатели Соединетите Американски Држави.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...