20 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаМакедонијаБорел со утешна награда: Не можам да ви ветам датум, но можам...

Борел со утешна награда: Не можам да ви ветам датум, но можам да ветам волја за старт на преговори

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Почетокот на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ е приоритет за Европската комисија, уверуваше нејзиниот потпретседател Жозеп Борел на заедничката прес-конференција со премиерот Ковачевски, но сепак, рече дека не може да даде ветување кога би се случиле и дали јуни е достижна цел.

<

Борел, кој е висок претсваник на Унијата за надворешна и безбедносна политика, тврди оти Брисел прави сѐ што може и разговара со Бугарија за надминување на спорот кој веќе две години го блокира оддржувањето на меѓувладина конференција.

-Ве разбирам, потполно ви го разбирам разочарувањето кое го чувствуваат многумина овде во Македонија. Од срце ве разбирам. Билатералните проблеми не смеат повеќе да загрозуваат процес на пристапување, дури ни ако се засновани на етничко-лингвистички согледувања. Тоа е нашата заложба. Не можам да ви ветам датум, но можам да ви ветам волја, а каде што има волја – има и начин,изјави Борел.

Итното отврање на преговорите за Македонија и Албанија не е само политичко, туку е и безбедносно прашање, смета премиерот Ковачевски според кој посетата на Борел е јасен сигнал за европска перспектива на земјава. Министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија продолжуваат да работат на отворените политички прашања, за решение во духот на европските вредности, кажа Ковачевски.

Скопје е првата станица од турнејата на Борел на Западниот Балкан, и доаѓа, како што рече, како одговор на нападот од Путин на Украина. Ја поздрави позицијата на Македонија, која застана зад санкциите и ја осуди агресијата на Русија и порача дека и овој случај е доказ дека регионот припаѓа на ЕУ.

-Ова е, се надевам, момент на будење за Европа, ова е момент кога треба да заживее процесот на проширување со земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Знам дека имате јасни очекувања, и со право. Мораме да почнеме формални преговори за проширување со Македонија и Албанија, што е можно побрзо, се надевам уште на следната меѓувладина конференција, вели Борел.

Борел изутрината беше примен и од претседателот Стево Пендаровски кој неговата посета на Македонија и на регионот ја оцени како потврда за посветеноста и поддршката на ЕУ за Западниот Балкан, особено во светло на новата геополитичка реалност во Европа.

Од Скопје, Борел заминува во Тирана на средба со Рама, а посетата во регионот ќе ја заврши во Сараево.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Матурант од Струмица пронајден починат.

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил...

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола, и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво...

На саемот во Нови Сад за 770.000 евра продаден комбајн за берење компири !!

Ова е најскапата машина на Новосадскиот саем – комбајн за берење компири во вредност од 770.000 евра +ДДВ. Уникатен комбајн за компир, кој има можност...

Имаат тешки изгореници по грбот: Објавени нови фотографии од изгорениците на младите од Пулс!

Објавени се нови фотографии од повредите на младите кои беа дел од трагичниот настан во клубот Пулс, каде што неколкумина преживеаја со тешки изгореници...